Комплетно лабораториско решение за COVID-19 (PCR молекуларен тест + имунолошки тест)

 

Ве информираме дека почнувајќи од 18 мај 2020 год., во Авицена Лабораторија е достапно КОМПЛЕТНО МЕНИ НА ТЕСТОВИ ЗА COVID-19, вклучувајќи:

 

1.       МОЛЕКУЛАРЕН Real time RT-PCR тест за ДЕТЕКЦИЈА НА ВИРУСОТ SARS-CоV-2 од брис

 

2.       ИМУНОЛОШКИ ТЕСТ ЗА КВАНТИТАТИВНО ОДРЕДУВАЊЕ НА

      - IgM+IgA и IgG антитела кон SARS-CоV-2 преку крв

      - IgG антитела кон  SARS-CоV-2 преку крв

      - Вкупна концентрација на антитела кон SARS-CоV-2 преку крв

 

Комбинацијата на двата типа на тестови дава целосна и реална слика за случувањето во организмот на човекот, така што имунолошките и молекуларните тестови се комплементарни и се надополнуваат едни со други. Ако со молекуларните тестови се врши детекција на присуство на самиот вирус или дури и само секвенца од РНК на вирусот, со помош на мерењето на концентрацијата на антителата, се добива увид во тоа дали организмот бил во контакт со вирусот и каков е имунолошкиот одговор на организмот во борбата со овој вирус.

 

МОЛЕКУЛАРЕН ТЕСТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА на вирусот SARS-CоV-2 (COVID-19) преку брис

 

Молекуларниот тест преставува златен страндард во тестирањето, бидеќи со помош на молекуларни  техники, се врши детекција на присуство на самиот вирус, дури и само секвенца од РНК на самиот вирус. Тестот кој се работи во Авицена Лабораторија е:

 

       Високопрецизен Real time RT-PCR тест за детекција на самиот вирус SARS-CоV-2

       CE-IVD сертифициран тест и валидиран за комплетно автоматска изработка

       Единствен тест кој врши истовремен скрининг и конфирмација на сите три таргет гени од вирусот, со вклучена внатрешна контрола

       Во согласност со светските нормативи и препораките од WHO, US CDC, Ch-CDC

 

КВАНТИТАТИВЕН ИМУНОЛОШКИ ТЕСТ ПРЕКУ КРВ, ЗА ОДРЕДУВАЊЕ КОНЦЕНТРАЦИЈА НА IgM + IgA и IgG АНТИТЕЛА кон вирусот SARS-CоV-2

Имунолошкиот тест кој се работи во Авицена Лабораторија е CЕ-сертифициран, се работи на целосно автоматски имунолошки анализатор. За разлика од брзите тестови, резултатот кој се добива е точна, нумеричка концентрација на присутните антитела, а тестот има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.

                         

Мерењето на концентрацијата на IgM, IgA и IgG антителата имаат важност кај:

 

      -           ДИЈАГНОЗА ВО РАНА ФАЗА НА ЗАБОЛУВАЊЕТО

Појавата на антитела значи дека организмот бил во контакт со вирусот и се активирал имунолошкиот систем на организмот. Вообичаено, први се јавуваат IgM и IgA антителата, околу 5-7 дена по контактот со вирусот, а IgG антителата околу 14 дена од контактот со вирусот. Со мерењето на концентрацијата и на IgA антителата, дополнително се зголемува клиничката сензитивност на тестот.

 

-            ОТКРИВАЊЕ НА АСИМПТОМАТСКИ ПАЦИЕНТИ

 

Ќе се откријат лицата кои немаат или немале никакви симптоми, а биле во контакт со вирусот.

 

-            ПАЦИЕНТИ СО КЛИНИЧКИ СИМПТОМИ, ПРИ НЕГАТИВЕН МОЛЕКУЛАРЕН ТЕСТ

 

Постојат случаи кога од повеќе причини, молекуларниот тест може да биде лажно негативен. На овој начин, имунолошкиот тест ќе помогне во разрешување на многу дилеми.

 

-            СЛЕДЕЊЕ НА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА и ФАЗА ВО КОЈА СЕ НАОЃА БОЛЕСТА

 

-            ПРОГНОСТИЧКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА

 

Постојат клинички студии кои наведуваат дека значително зголемена концентрација на двата типа антитела се поврзува со полош тек на болеста и полош исход.

 

-            СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

 

Детекција на IgG антитела, при негативен молекуларен тест укажува дека веројатно сме биле во контакт со вирусот во минатото или сме ја прележале инфекцијата без симптоми.

 

-            СЛЕДЕЊЕ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ДЕЛ ОД ПОПУЛАЦИЈАТА НА ВИРУСОТ (пр.здравствени работници)

 

Со овие тестови се дава можност за тестирање на дел од популацијата, заради информацијата дали лицата биле во контакт со висусот, дали имаат заштитни антитела и сл.

 

-    МОЖНОСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАЗМА ЗА ТЕРАПЕВТСКИ ЦЕЛИ ОД ПАЦИЕНТИ СО ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

 

Концентрацијата на антитела во крвта на пациенти кои ја прележале болеста е клучна за да се направи селекција на пациенти кои се погодни донори на конвалесцентна плазма, со која би се лекувале болните од COVID-19.

                                                                                                                    

Tабела за интерпретација на резултати*

Тест за концентрација на IgM+IgA

Тест за Концентрација на IgG

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

негативен

негативен

Се исклучува постоење инфекција или е во тек на инкубација  („window” период)

позитивен

негативен

Рана фаза на инфекција 

позитивен

позитивен

Активна фаза на инфекција, доцна фаза на инфекција или опоравување

негативен

позитивен

Доцна фаза на инфекција / мината инфекција / повторена инфекција

 

 

*Табелата за интерпретација на резултати е само насока и водич за понатамошна одлука, а не дефинитивна дијагноза. За дијагноза на заболувањето COVID-19, потребна е комбинација со молекуларни тестови, клинички преглед и наоди од други клинички испитувања.

 

 

Ц Е Н О В Н И К

 

МОЛЕКУЛАРЕН REAL TIME RT-PCR ТЕСТ

 

Молекуларен тест за детекција на SARS-CоV-2                     3.000,00 ден.

 

ИМУНОЛОШКИ ТЕСТ ЗА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА: 

 

IgМ+IgA и IgG антитела кон COVID-19 (SARS-CоV-2)               1.800,00 ден.

IgG антитела кон COVID-19 (SARS-CоV-2)                                      1.200,00 ден.

Вкупна концентрација на антитела кон SARS-CоV-2           1.200,00 ден.

 

ЦЕЛОСЕН ТЕСТ ПАКЕТ ЗА COVID-19

 

Молекуларен тест + Имунолошки тест за поединечна концентрација на антитела - 4.000,00 ден.

 

     Молекуларен тест + Имунолошки тест за вкупна концентрација антитела - 3.600,00 ден.

 

ПОТРЕБЕН ПРИМЕРОК

-Назофарингеален / орофарингеален брис за молекуларен тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2

-Венска крв за имунолошки тест преку крв, за одредување концентрација на IgM +IgA и IgG антитела кон вирусот SARS-CоV-2

 

 

  ВАЖНА НАПОМЕНА!

 

-  Примероци за тестирање се земаат само во лабораториjaта во нас. Тафталиџе (07.00 - 19.00 часот)

 

-  Закажувањето е задолжително на тел. броеви: 071/278-529 и 078/218-731

 

-  При посетата на лабораторија за тест за COVID-19, задолжително треба да се пополни „Прашалник за пациенти за тест за COVID-19" со сите барани податоци. Прашалникот можете да го преземете со клик на линковите во продолжение:

 

    Прашалник за пациенти (на македонски јазик)

    Прашалник за пациенти (на англиски јазик)

 

ЛАБОРАТОРИЈАТА РАБОТИ НЕПРЕЧЕНО СО СИТЕ ПАЦИЕНТИ И ГИ ПРУЖА СИТЕ ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ, ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛОТО РАБОТНО ВРЕМЕ.

 

 

Авицена Лабораторија, во услови на пандемија на COVID-19 на глобално ниво и  во интерес на заштита на здравјето на вработените, здравјето на пациентите и јавното здравје, секојдневно ги презема сите неопходни мерки согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, за спречување на ширење на оваа болест.